Вечерва на јавниот ТВ сервис лидерот на СДСМ – Зоран Заев, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ќе имаат ново ТВ соочување, второ по повод предвремените парламентарни избори на 15 јули, а вкупно трето откако Мицкоски е лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Дуелот е закажан за вечерва во 20.15 часот на МТВ 1. Ќе се зборува за кампањата и како се води, за објавените видео и аудио снимки, за плановите за реформите и за економијата и сл., информираат од јавниот сервис.
Домаќин ќе биде Стојан Трпчевски, а дебатата можете да ја проследите во живо ТУКА.