На интернет-страницата onecoldhand.com корисниците имаат можност повторно да направат пар од раздвоени ракавици. Ако некој најде изгубена ракавица, може да ја фотографира и сликата да ја објави на приложениот сајт. Ако се јави „оригиналниот“ сопственик на изгубената ракавица, тој повторно ќе добие пар што ќе ги грее неговите дланки во зимските месеци. Досега оваа услуга им е достапна само на жителите на градовите Питсбург и Њујорк, но сопственичката Џенифер Гуч најавила дека планира да креира слични сајтови и за Италија и Канада, додавајќи и дека нејзината идеја може да ја преземат жителите на било кој град во светот.