Вашиот прозорец кон светот

looking_glass_introСекојдневно гледаме научно-фантастични филмови, кои предизвикуваат
денешницата да изгледа премногу досадно. Веројатно слично чувство ќе
предизвика и овој гаџет, кој прави секојдневието да изгледа навистина
едноставно. Плочка со touch screen, вградена камера, скенер, Wi-Fi,
пребарување со помош на Google… Репликата "too good to be true",
конечно наоѓа соодветна примена.

Секојдневно гледаме научно-фантастични филмови, кои предизвикуваат денешницата да изгледа премногу досадно. Веројатно слично чувство ќе предизвика и овој гаџет, кој прави секојдневието да изгледа навистина едноставно. Плочка со touch screen, вградена камера, скенер, [[Wi-Fi]], пребарување со помош на Google… Репликата "too good to be true", конечно наоѓа соодветна примена. 

looking_glass

Со овој гаџет ја имате Wikipedia на вашата дланка. Во секој момент можете да добиете информација за било кој предмет во вашата околина без разлика дали тоа ќе биде зграда, ресторан, трговски центар или самопослуга. Поупорните можеби ќе сакаат и да го дознаат името на досадната бубачка која ги спречува да уживаат во појадокот на отворено.

looking_glass2

Читањето книга или дневен весник веќе добива поинаква смисла. Наместо да ги отварате правливите речници и лексикони, за помалку од минута ќе можете да го побарате саканиот збор на интернет.

looking_glass3
looking_glass4

За жал овој гаџет е само дизајнерски концепт. Можеби еден ден и овој невозможен дизајн ќе стане дел од нашата сегашност. До тогаш, не ни останува друг избор освен да ја живееме ерата на персоналните компјутери.
 

- Реклама -