Вархеји: ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и сега се дел од преговарачкиот процес, сега е моментот за одговорни одлуки

Сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, објави денеска на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

„ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

МИА

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови
- Реклама -