Вардар со високи 5-0 го прегази Хоризонт Турново и со стил ја завери новата шампионска титула.
Вардар ја одбрани шампионската титула во македонското фудбалско првенство откако вчера на Филип Втори со убедливи 5-0 ја совладаа екипата на Хоризонт Турново.
Вардар и Турново во меѓусебен дуел решаваа кој ќе биде шампионот, на Хоризонт му беше потребна победа, Црвено црните се задоволуваа и со реми.
Но кратко траеше неизвесноста, Вардар уште во првото полувреме ги реши сите дилеми откако со головите на Маневски и Костовски од пенал поведе со 2-0.
Во второто полувреме Вардар играше за публика, создаваше шанси, креираше убави акции, и уште три пати ја затресе мрежата на гостите.
Аце Стојков погоди два пати, еднаш реализираше Петров.
На крајот Вардар сосема заслужено се радуваше на титулата и пласманот во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Хоризонт Турново треба да биде задоволен и со втората позиција, тие заедно со Тетекс и Металург ќе не претставуваат во квалификациите од Лига Европа.
Во останатите денешни натпревари, Металург со 3-2 победи на гостувањето кај Брегалница, Дрита со 3-1 ја совлада Шкендија, со истиот резултат Работнички славеше над Тетекс, Силекс и Ренова одиграа без победник 2-2, а Напредок со 2-1 го победи Пелистер во Битола.
Од лигата испаднаа Тетекс и Силекс, Пелистер и Дрита ќе се обидат преку бараж натпреварите да останат во лигата.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал