Вака ли ќе изгледа новото Porsche 911?

porshe

На интернет просторот се најдоа неколку компјутерски фотки, кои даваат идеја за тоа како би можел да изгледа следната генерација на Porsche 911.

Инаку овие фотки се направени од Русинот Александар Селипанов, кој повеќе од 10 години работи за концернот Volkswagen AG. Имено, тој е автор на дизајнот на супер модели како Lamborghini Huracan и Bugatti Chiron. Според неговите зборови, тој се обидел да ја задржи вкупната силуета на класичното купе, по која е препознатлив со децении моделот, но додал нови елементи во предниот и задниот дел на спортската креација. Автомобилот добил LED главни светла, направени во стилот на електричниот прототип Mission E, кој дебитираше во 2015 година. Карактеристична за концептот е формата на капакот – double-bubble.

Се очекува новата генерација на Porsche 911 да се појави најдоцна до 2020 година. Меѓувреме протекоа гласини дека легендарниот модел уште пред тоа може да добие верзија со хибриден агрегат, но од раководството на германскиот производител на спортски автомобили ја негираат таквата можност во моментот и ја оквалификуваа оваа еко-идеја како „бесмислена“. Сепак, во компанијата не ја исклучуваат можноста во било која од следните генерација на моделот да се нуди хибридна или Plug-in верзија.

- Реклама -