Home Трачарка Балканскоп Утре финалистите на X faktor ќе пејат популарни балкански хитови

Утре финалистите на X faktor ќе пејат популарни балкански хитови

0

Според најавите утре не очекува возбудлива вечер, полна со емоции, во која сигурно ќе ужива публиката и жири комисијата на X faktor, особено Жељко Јоксимовиќ кој преферира кога кадидатите пејат на својот јазик.

„ Верувам дека понудената тема е посебен предизвик за натпреварувачите да дадат свој максимум при интерпретацијата. Музиката нема територијални, ниту национални граници, но емоцијата на песните се уште е на страната на оној изведувач кој музиката ја прилагодува на сопствениот јазик“, вели Жељко Јоксимовиќ по повод претстојната епизода.

Како што дознаваме, на неговата колешка Кристина Ковач која неретко има поинакви ставови од својот колега не и било лесно да пронајде песни кои одговараат за нејзините кандидати, но таа верува дека публиката ќе ужива во новата емисија.

„ Доктори“ ќе се претстават со балада која ја сакаат сите на ex yu просторите, H2O ќе пејат една емотивна песна, додека Кристина за групата 4U избрала рок кој одлично им прилега.

„ Секогаш ми е тешко да одберам домашни композиции кои би им одговарале на моите кандидати, многу се трудам да го најдам вистинското за нив“, вели Кристина.

Да потстиме, во оваа емисија ќе се врати Маид од групата на Жељко, но ќе испадне уште еден кандидат. Гласајте за своите фаворити!

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here