Луѓето кои се одликуваат со висока продуктивност во работата, имаат одредени навики што придонесуваат кон нивниот успех.
Активностите покренати точно пред спиење во голема мера одредуваат каков ќе биде следниот ден. Еве што прават богатите и славните пред да заспијат.
Се сеќаваат што имаат направено во текот на денот
Ова било многу карактеристично за Стив Џобс. Тој секогаш поминувал време, анализирајќи дали успеал да ги оствари своите цели за денот и дали има направено чекор напред кон долгорочните планови.
Читаат
Многу успешни луѓе поминуваат најмалку 10-20 минути во читање пред да заспијат. Освен што делува релаксирачки, ова хоби им помага да го прошируваат убедувањето и да бидат подобро подготвени за водењето на својот бизнис.
Евидентираат мисли, намери и случки на хартија, а воедно и анализираат што да променат
Популарната телевизиска водителка Елен Деџенерис повеќепати споделува дека тоа е она што и помага подобро да се организира и да се ослободи од негативната енергија. Истото го правеле личности како Теодор Рузвелт, Чарлс Дарвин, Винстон Черчил и др.
Ги утврдуваат приоритетите за следното утро
Поради големиот стрес и илјадниците обврски човек лесно може да изгуби фокус. За подобра организација и продуктивност напишете ги на лист работите кои треба да ги завршите следниот ден. Така наутро нема да губите време во прашања од каде да започнете.
Поминуваат повеќе време со своето семејство
„Човек никогаш не треба да го занемарува своето семејство поради бизнисот”, рекол Волт Дизни и бил во право. Секогаш ќе постојат службени задачи, но нашите најблиски треба да останат на прво место.
За момент се оттргнуваат од технологијата
Во книгата Thrive, Аријана Хафингтон, главната уредничка на Huffington Post, тврди дека секоја вечер „се исклучува“ од сето она што е дигитално. Таа советува пред да си легнете, да го ставете телефонот во друга соба, да ги исклучете компјутерот и телевизорот и да поминете барем половина час во тишина.