Уште има такви што мислат дека роботите се безопасни? Бил Гејтс едно 100 пати предупреди дека премногу несериозно ја сфаќаме заканата по нашите работни места и „размерот на промените што следат“. Стивен Хокинг, исто така смета дека капитализмот и роботите се лоша комбинација. Ви пишавме и дека најпаметно е да си ги запишете децата на уметничко.
Ако ова не ве убеди, можеби ќе ве убеди следново видео од новиот робот на Boston Dynamics, оние истите што го направија оној 4-ножниот, што го шутираа и не сакаше да падне.
Atlas e уште помодерна хуманоидна машина која се движи на две нозе. Може да оди по снег и нерамен терен, да крева кутии, да отвара врати, да стане ако го бутнеш… Со други зборови, е многу понапреден од претходните роботи на BD кои се прославија некаде во 2013-тата.
Роботите Atlas се дизајнирани да ги поместат границите на автономната двоножна автоматизирана технологија – тие се програмирани да извршуваат задачи и автоматски да реагираат на надворешни стимули или промени во околината, како што е непознат терен или луѓе што ги удираат со стапови за хокеј. Првата верзија на Atlas веќе еднаш се прошета по шумите, а овој новиов модел го прави истото, но овој пат преку слој од лизгав, крцкав снег и преку нерамен терен, и тоа без да падне.
Сепак, една друга способност на Atlas како да отскокнува од овие техничкиве – тоа е што прави човек да му се сожали кога овие инженериве ќе му ја тргаат кутијата што треба да ја земе или ќе го туркаат со профилна цевка. Толку ли немаат памет, па што го нервираат? Го папавме стапот.
За подобро да ја разберете ситуацијата, нека ви свири ОВА во позадина.