Бил Гејтс предупредува: Луѓето не се свесни за сериозноста на промените што следат

На пазарот на трудот претстојат големи промени, за кои луѓето и владите не се подготвени. Ова се зборови на основачот на Микрософт, Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот.

Според него, во наредните 20 години, многу работни места ќе престанат да постојат, а работниците ќе бидат заменети со автоматизиран софтвер, или како што во технологијата се нарекува – „бот“, макар што Гејтс го нарече „софтверска замена“.

„Софтверската замена, независно дали станува збор за шофери, сервисери или медицински сестри, напредува. Со време, технологиите ќе ја намалат побарувачката на работници, особено на оние помалку квалификуваните“, рече тој за Business Insider. „По 20 години, потребата на пазарот за работна сила од разни области ќе биде значително помала. Мислам дека луѓето не сфаќаат од колкава мера ќе биде промената“.

Прочитајте и:  Почеток на роботската револуција: Мини робот наговори 12 поголеми да побегнат со него

bot

И не е само Бил Гејтс со вакви мрачни предвидувања. Во Јануари, Economist објави статија во која наброи над 10 професии кои со сигурност ќе бидат преземени од роботите во следните 20 години, меѓу кои и продавачите преку телефон, сметководителите, но и сите вработени во малопродажба.

Гејтс смета дека даночните закони треба да бидат такви што ќе ги охрабрат компаниите да вработат луѓе. Во процесот, не исклучува ни потреба од целосно елиминирање на одредени даноци. Од друга страна, Гејтс не е поддржувач на идејата за зголемување на минималната плата, бидејќи смета дека така компаниите нема да вработуваат нови луѓе.

Па, се чини подобро е да го сфатиме советот сериозно.

- Реклама -