Home Технологија Наука Хокинг се плаши од капитализмот и неговите роботи

Хокинг се плаши од капитализмот и неговите роботи

0
Хокинг се плаши од капитализмот и неговите роботи

Можеби автоматизираните машини нема да го сотрат човештвото, ама дефинитивно е можно да ги сотрат човековите права, покрај работните места. Ова е ст(р)авот на еден од најпознатите научници на денешницата – Стивен Хокинг, и не произлегува од некое холивудско сценарио каде што роботите го покоруваат светот, туку од една многу позаканувачка реалност – капитализмот и неговите моќници.

ROBOT-WORKER-5701

Хокингс очекува дека паралелно со бројот на задачи и работни места кои ќе бидат преземени од машини, ќе расте и економскиот јаз помеѓу богатите и сиромашните. Ова во голема мера ќе се должи на способноста на сопствениците на машините безмалку да „штампаат“ такви автоматизирани работници, а со тоа и забрзано да „приграбат“ повеќе богатство за себе.

На Reddit, во рамките на AMA (Ask Me Anything), еден од корисниците го праша научникот:

„Сте размислувале ли некогаш за можноста од технолошка невработеност, каде што ќе развиеме автоматизирани процеси кои на крајот ќе предизвикаат масовна невработеност преку извршување на работите побрзо и/или поевтино отколку што можат луѓето?
Поконкретно, дали предвидувате свет во кој луѓето работат помалку бидејќи толку голем дел од работата ќе биде автоматизирана? Дали мислите дека луѓето секогаш ќе најдат други работи за правење, или пак ќе креираат нови?“

hawking

Во одговорот, Хокинг особено ја акцентираше важноста на распределбата на богатството:

„Ако машините произведуваат сé што ни треба, исходот ќе зависи од тоа како нештата се дистрибуирани. Секој може да ужива луксузен живот ако машински-продуцираните добра се распределени, во спротивно, ако сопствениците на машините успешно лобираат против редистрибуција на богатството, мнозинството ќе заврши во мизерна сиромаштија. До сега, искуството вели дека нештата ќе се движат кон втората опција, а технологијата ќе ја зголеми вечно-растечката нееднаквост.“

Накратко, нé очекува мошне сурова реалност ако дозволиме автоматизираната технологија да остане под контрола на оние со доволно финансиска моќ да лобираат, поткупуваат и модифицираат политички системи. Веќе одамна ги трпиме последиците на ненаситната капиталистичка жед за сé поголема акумулација на богатство, која со години почива врз лаги и лоши економски политики (за обичните смртници). Благодарение на истите, една од главните цели на технологијата денес е да ги замени луѓето, барем на работното место. Ако го игнорираме предупредувањето на Хокинг, може да се соочиме со корпоративна доминација од огромни размери, во најмала рака.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here