Ако некогаш се прашувате дали во земјава фали иновација и напредок, значи одамна не сте погледнале некое партиско соопштение. Ако ги следевте малку почесто, ќе знаевте дека нашиве партии не само што имаат измислено, туку и применуваат најнов метод на партиски соопштенија – со одење пред штабот на противникот, за таму да кажете што имате да кажете.
… А потоа, како во раниот среден век и претходно, овие зад ѕидините на тврдината се обидуваат да го избркаат опсадувачот од пред нивните порти, само овојпат не со стрели и врел растопен метал, туку со гласна музика и слични иритирачки методи.
Со ваквиот пристап кон партиските соопштенија, завојуваните страни подоцна добиваат бонус „муниција“ за преку своите гласила да се жалат на карактерните особини на противникот.
Инаку, вистината што ВМРО-ДПМНЕ сакала да ја замолчи, според Костадинов, е тоа дека Гордана Силјановска-Давкова се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија (ФОТО).
ПС. Немаме информација дали граѓанинот со патриотскиот поздрав е само случаен минувач, или можеби намерен дел од циркусот.