Nike ќе ги лансира своите најнови, технолошки напредни Swift одела за
време на Олимпијадата оваа година. Се работи за продукт кој вклучува
комплетно одело, плус чорапи и ракавици во должина на рацете.
Nike ќе ги лансира своите најнови, технолошки напредни Swift одела за време на Олимпијадата оваа година. Се работи за продукт кој вклучува комплетно одело, плус чорапи и ракавици во должина на рацете.
Оделото го намалува отпорот на воздухот за 7%, што преведено во трка на 100 метри изнесува 0.02 секунди. Материјалот од кој се направени овие елементи има вдлабнатини како кај голф топче, што ќе им овозможи на атлетичарите побрзо и полесно да го сечат воздухот и да поставуваат нови рекорди. [livegrids.net]