Унгарија: Барањето на МКС за апсење на Нетанјаху е неприфатливо

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека барањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за налог за апсење на израелскиот премиер е „неприфатливо“ и не може да се спроведе во Унгарија.

Гергели Гуљас на брифинг со новинарите, како што јави Ал Џезира, рече дека иако Унгарија, како верен сојузник на Израел, го ратификувала Римскиот статут на МКС, тој „никогаш не стана дел од унгарскиот закон“, што значи дека ниту една од мерките на судот може да се спроведе во Унгарија.

Обвинителот на МКС, Карим Кан, во понеделникот соопшти дека побарал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот шеф на одбраната и тројца лидери на Хамас за наводни воени злосторства.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

– Оваа одлука не е правна, туку политичка одлука, таа е неприфатлива и го дискредитира Меѓународниот кривичен суд, рече Гуљас.

- Реклама -