Горди сте со вашиот талент за мултитаскинг? Епа можеби ќе треба да го промените својот став и да го анализирате начинот на кој се справувате со задачите.
И покрај тоа што постојат многу гаџети и апликации кои ни помагаат да се справиме со секојдневните обврски ново истражување налага дека само 2 проценти од луѓето можат ефективно да мултитаскуваат. А останатите 98 проценти? Тие всушност си штетат на својата продуктивност без воопшто да го сфатат тоа.
Многу луѓе го помешуваат мултитаскирањето со обична расеаност. На пример, вниманието на луѓето кои работат со компјутер е одтргнато во просек на секои 10,5 минути. Учениците кои ги носат своите лаптопи на училиште имаат сличен проблем – 62 проценти од сајтовите кои ги посетуваат немаат никаква врска со предавањата.
Што е со 67-те проценти кои ја проверуваат својата електронска пошта преку телефон за време на состаноци? Фокусирање на повеќе од една работа ја намалува продуктивноста за 40 проценти и го намалува коефициентот на интелегенција за 10 поени според Harvard Business Review. А да не спомнуваме ни колку може да биде опасно мултитаскирање за време на возење. [This is your brain on multitasking]