Улична јајце-незгода

jajce2.jpg Henk Hofstra е еминентен холандски уметник, кој редовно креира навистина интересни улични инсталации. Неговиот најнов проект е наречен „уметничка јајце-незгода“ и се наоѓа во Leeuwarden, град во северна Холандија.

Henk Hofstra е еминентен холандски уметник, кој редовно креира навистина интересни улични инсталации. Неговиот најнов проект е наречен „уметничка јајце-незгода“ и се наоѓа во Leeuwarden, град во северна Холандија.

Проектот започна со „истурање“ на неколку јајца на око на еден од најголемите плоштади во Холандија, Zaailand. Големината на јајцата е различна, а со тоа и нивниот облик. Поголемите јајца се комплетно рамни, а помалите имаат тродимензионална жолчка. Јајцата ќе останат на плоштадот наредните шест месеци.

eggshof2-thumb.jpg
eggshoff3-thumb.jpg

Повеќе за овој, како и за други интересни проекти од Henk Hofstra, може да прочитате на неговиот официјален сајт. Сајтот е на холандски јазик, затоа кликајте на сликите за визуелна презентација.

 

- Реклама -