Онлајн петиција за промена на името на Русија во „Московија“ го доби потребниот број гласови за нејзино официјално разгледување.
Петицијата е објавена на веб-страницата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а е регистрирана од ноември минатата година.
Нејзините автори бараат имињата „Русија“ и „Руска федерација“ да се заменат со „Московија“ и „Московска федерација“, како и сите зборови со коренот „Русија“ да се променат во соодветни варијации на терминот „Москва“.
Од 14 февруари, петицијата доби 25.000 гласови неопходни за разгледување од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој официјално ќе треба да одговори на повикот на граѓаните. Доколку биде одобрен, претседателот на Украина ќе достави до Врховната Рада законски предлози за решавање на прашањата покренати во петицијата.
МИА