Украина сама си ја оштетува инфраструктурата, тврди Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека украинското раководство може „да стави крај на страдањата“ во Украина доколку ги прифати барањата на Русија за решавање на конфликтот.

Песков, прашан дали Русија е загрижена поради последиците од нападите врз цивилното население или енергетската инфраструктура, истакна дека Москва напаѓа само цели од воено значење.

Никаков ракетен напад не е извршен врз Киев. Целата штета нанесена на градот е последица на падот на странските и украинските противвоздушни ракети што беа инсталирани на станбените квартови во Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Русија вчера гранатираше повеќе градовите ширум Украина, при што загинаа десет лица. Поради нападите беа затворени нуклеарните централи и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и со вода во голем број места.

Прочитајте и:  Дуда: Зеленото светло од САД за напади во внатрешноста на Русија може да биде одлучувачко за војната

Рано утрово, градоначалникот на Киев – Виталиј Кличко, соопшти дека околу 80 проценти од домаќинствата во тримилионскиот главен град се без вода и струја по вчерашниот руски ракетен напад.

Извор: МИА

- Реклама -