Украина планира до 2024-та да стане членка на ЕУ

Намерата на Украина е до крајот на 2024 година да стане полноправна членка на ЕУ, откри украинската вицепремиерка Олга Стефанишина во интервју за германскиот весник „Велт“.

„Решени сме да го завршиме пристапувањето во ЕУ до крајот на 2024 година“, рече Стефанишина.

Како што посочува весникот, доколку тоа се оствари, влезот на Украина во ЕУ би бил најбрз во историјата. Ваквиот процес досега траел, во просек, по девет години, потенцира „Велт“.

Но, според Стефанишина, Украина „не е обичен кандидат за пристапување“, иако во Брисел, како што констатира весникот, „на тоа гледаат поинаку“.

„Скорешен почеток на преговорите е исклучително важен за моралот на Украинците, бидејќи ние со години се бориме да ѝ припаѓаме на Европа и во моментов ги ризикуваме нашите животи“, изјавила украинската вицепремиерка.

Прочитајте и:  Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел

Според неа, Украина веќе „ја работи својата домашна задача“ и има спроведено значителен број реформи, вклучително и во областа на борбата со корупцијата и правдата.

Извор

- Реклама -