Украина доби нови ракетни системи од САД и Германија

Украинскиот министер за одбрана – Алексеј Резников, денеска соопшти дека Украина добила серија од уште четири високомобилни артилериски ракетни системи HIMARS од американско производство. Покрај тоа, во земјата од Германија пристигнале и пповеќецевни ракетни системи МАРС 2.

„Благодарен сум на американскиот претседател Џо Бајден, на секретарот за одбрана Лојд Остин и на народот на САД за зајакнувањето на украинската војска“, напиша министерот Резников на Твитер за ракетните системи HIMARS, кои имаат поголем дострел и се попрецизни од украинската артилерија од времето на Советскиот Сојуз, што им овозможува на украинските сили да гаѓаат во руски цели кои претходно биле недостапни.

Резников испрати благодарност и до Германија:

Прочитајте и:  „Тајмс“: САД нема да ѝ дозволат на Украина да ги користи балистичките ракети АТАКМС во Русија

„Третиот брат од семејството ‘долга рака’ пристигна во Украина – MARS 2 МСЗВ од Германија“, напиша тој на Твитер, заблагодарувајќи ѝ се на земјата, но и лично на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Нашите артилерци ги поздравуваат своите германски партнери“, додаде Резников.

Извор: МИА

- Реклама -