УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Литванија поради навредливи скандирања за Путин

Претседателот на Литванската фудбалска федерација, Едгарас Станкевичиус, изјави дека УЕФА ја казнила организацијата поради навредливи скандирања на навивачите за рускиот претседател Владимир Путин.

Скандирањето се слушна за време на натпреварот на литванската репрезентација против Србија (1:3) на квалификацискиот турнир за ЕП 2024 година.

Казната изнесува 10 илјади евра.

Според Станкевичиус, цитиран од ЛРТ, ова скандирање се слушало и на претходниот натпревар на литванската репрезентација, но тогаш делегатот од Шпанија овој момент не го запишал во извештајот.

На натпреварот Литванија – Србија како делегат работеше Куаниш Канапјанов од Казахстан.

МИА

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион
- Реклама -