Ученици направиле фустан за матура од 6.000 суви листови

Четири ученици од универзитетот во Хефеи, источна Кина, неодамна докажаа дека не мораш да земеш кредит или да им ја потрошиш целата заштеда на родителите за да имаш блескав фустан за матура. Можеш да го направиш и сама, скоро за беспари, од листови од растенија, малку конец, и многу трпение.

Тимот – составен од две момчиња и две девојки, ја добил идејата пред околу 6 месеци, додека се обидувале да смислат интересен проект за еден училишен натпревар. Во тоа време, девојките сé уште биле под импресии од настапот на кинеската актерка Фан Бингбинг на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, па решиле да рекреираат еден од нејзините фустани (претпоставуваме овој), ама од листови. Иако и професорката ги предупредила дека ќе биде многу тешко, ученициве решиле да пробаат.

По малку истражување околу тоа кој е најдобриот начин да ги користат листовите како материјал, учениците седнале и осмислиле дизајн, а потоа и почнале да собираат листови.

Некои видови ги имале на располагање и во рамките на кампусот, а за други им требале и неколку прошетки во планина. Сé на сé, собрале околу 6.000.

За да се осигураат дека нема да се збрчкаат, соберат и скапат, учениците прво го отстраниле „месото“ на листовите, варејќи ги во алкален и натриум карбонат раствор во времетраење од 2 часа.

Тоа овозможува месото лесно да се излупи, а да остане само „скелетот“ – т.е. тенкиот филм со кој е прекриен листот, заедно со сите жили. Не било така лесно ко што звучи, им требале многу обиди за да ја погодат правата комбинација од времетраење и сооднос на растворот. Но ете, со помош од професорката, биднало.

Им требале 4 месеци за да го завршат, со тоа што работеле само после часови и за викенд. Тоа е прилично многу работа, ама очигледно се исплатела. Потврда се милионите  воодушевени  на социјалните мрежи.

- Реклама -