Убиен Пералта, 26 годишниот репрезентативец на Хондурас

arnold-peralta-se-va-del-rangers

Вчера вечер, пред еден трговски центар во Ла Сеиба, Хондурас, буквално бил разрешетан Арнолд Пералта.

Според Газета, најверојатно станува збор за нерасчистени сметки бидејќи двајца напаѓачи пукале во него од мотор и го погодиле 11 пати. Овој брутален акт се случувал пред очите на 10 тина луѓе.

Исто така убиството може да се поврзе и со она на неговиот братучед Бајрон кое се случи на 1 јуни оваа година. Тој беше застрелан во неговиот дом, од страна на сторители кои сè уште не и` се познати на полицијата.

Пералта играше во Депортиво Олимпија, а таму дојде од Глазгов Ренџерс со кого успеа да влезе во првата шкотска лига. Беше дел од репрезентацијата на Хондурас и учествуваше на квалификациите за светското првенство во Бразил, но не играше на светското поради повреда.

Наредниот меч требаше да му биде против Куба на 19 Декември.

 

- Реклама -