Home УмниБус Патувања Убавините на Неа Модања

Убавините на Неа Модања

0

Неа Модања е градче што се наоѓа на 60 километри оддалеченост од Солун и приближно 160 километри од македонско-грчката граница, познато по туристичките капацитети и одличните можности за забава.


Неа Модања е надалеку позната по долгата песочна плажа недалеку од градот, до која се стигнува по одличен асфалтен пат и до која има редовен организиран превоз. Се работи за популарно туристичко место кое нуди најразлични можности за забава и релаксација, за дегустирање вкусни специјалитети од најразлични кујни и за уживање со добар пијалак во одлична атмосфера.

c

Плажата во Неа Модања е наменета за оние што сакаат малку поактивен одмор, со оглед на тоа што нуди можности за голем број спортски активности на плажа, почнувајќи од пловење со јахти и рибарење, па сѐ до фудбал, одбојка и тенис на песок. Секако, постои и помирен дел на плажата, каде што можете да си закупите лежалка и да се опуштите во топлите, сончеви денови.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Градчето Неа Модања е основано од грчки бегалци од Анадолија, кои сакале да го именуваат својот нов дом по градот од каде што пристигнале (Модања, Турција), со додавката Неа (нова). Во ова градче има голем број хотелски и други видови сместувачки капацитети, како и угостителски локали за сечиј вкус. Таму е лоцирано и едно помало пристаниште, кое функционира во склоп на Солунското пристаниште. Покрај другите одлики на градот кои секако треба да се истражат, не смее да се пропушти посета на прекрасната црква на Неа Модања.

Oceania_Club_Pool Oceania_general

Текстот е објавен во соработка со Iguana.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here