Убави до врвот на прстите

Рацете може да се убави, но најдобриот впечаток се расипува, доколку ноктите  не се здрави, а кутикулите околу нив – груби. Постојат бројни соодветни и лесно применливи средства кои ги задржуваат ноктите здрави дури и кога рацете ни се изложени на штетни влијанија. 

Уште нашите баби користеле природни производи за зајакнување на ноктите и измазнување на кожата околу нив. Овие производи се погодни и за прстите.

Ако вложуваме системски грижи за нив, тие ќе ни се оддолжат, со тоа што ќе останат долго во добра форма и убави.

Стабилизирачки лосион за нокти

Овој лосион ги заздравува ноктите и омекнува кутикулите.

1/4 розова вода

сок од лимон 1/2

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

10 г. сол

5 г. натриум борат

Ги мешаме добро сите состојки и ги затвораме во тегла. Ја оставаме смесата да отстои барем еден ден и дури тогаш ги третираме прстите.

Негување со масло за нокти

Ова масло ги штити и негува ноктите како на рацете, така и на нозете. Откако ќе го нанесете, не се лакирајте,

10 мл масло од соја

5 мл масло од авокадо

5 мл рицинус

Промешајте ги сите состојки добро барем две минути и ставете ја смесата во шишенце со четкичка. Еднаш неделно чистете ги ноктите.

- Реклама -