Фолк ѕвездата ја финансирала терапијата во Швајцарија, со цел нејзината долгогодишна пријателка да се избори со тешката болест.
Светлана Цеца Ражнатовиќ направила се за да и помогне на својата другарка Исидора Бјеличи да го победи ракот. Имено, филк дивата платила скапа терапија која била неопходна за да се подобри нејзината состојба.
Покрај тоа, Цеца се молела за нејзиното здравје неодамна во манастрир во Грција, каде била организирана и донаторска вечер на која присуствувале голем број лица од естрадата.
„Цеца и Исидора се долгогодишни пријателки. Се сакаат и се почитуваат и Ражнатовиќ многу ја погоди кога слушна за трагичната судбина на писателката. Цеца и вети дека ќе ги превземе трошоците за терапијата“, вели добро информиран извор.
Како што пренесуваат медиумите, здравјето на Исидора би требало да се подобри по терапијата што ја финансирала Цеца.
Фолк ѕвездата не сакала да ги коментира деталите за помошта.
„Исидора и јас сме пријателки. Таа беше крај мене кога ми беше тешко, сега сум јас покрај неа и ќе бидам кога и да и биде тоа потребно“, изјави Цеца.