Жена oд службено патување му пишува смс на мажот:
„Душо, накратко. Треба да бидете во градинка во 8:10, најкасно 8: 15. Значи разбуди ја Мими во 7: 30 – 7:35. Облечи ја во нејзините фармерчиња, земи ја виолетовата маица од втората фиока најдолу, ќе се снајдеш.
Потоа, не заборавај да го ставиш во ранче розовиот фустан – виси на вратата од нашиот гардеробер, во одделот за кошули на мала закачалката. Понеси и бели чорапчиња и сандалки, ќе се маскирале утре. Направи и две плетенки, ќе најдеш машнички во најгорната фиока во шкафчето, во бела кутија под албумите со слики.
Потоа види какво е времето. Ако е ладно облечи и го розовото палто, виолетовата капа и розовиот шал.
Ако нешто не се снајдеш, заѕвони и прашувај, не спијам уште. ”
Мажот одговара:
Решивме да не одиме во градинка.