По 35 години посветеност на пациентите, овој доктор бил дијагностициран со неизлечив рак. Знаејќи дека нема да се извлече, тој го закачил ова писмо до своите пациенти на вратата од својата ординација. Неговата порака е во исто време и трогателна, но и суров потсетник дека и докторите се само луѓе кои покрај туѓата, водат и своја борба.
Да видиме што има да каже:
Драги пациенти,
Цели 35 години, ми беше привилегија и чест да лечам и да и служам на заедницата. Тоа што вие и вашите семејства ми го доверивте своето здравје и живот, за мене секогаш беше одговорност што ја прифаќав со максимална сериозност и константно работев за да обезбедам најдобра медицинска грижа за секој од вас.
Го пишувам ова затоа што ми е дијагностицијан неизлечив рак. Така, нема веќе да бидам во можност да лечам.
Мојата најдлабока тага е уште поголема со фактот дека ќе ми недостасуваат средбите со моите пациенти. Низ годините, станав многу близок со многу од вас. Бев горд да лечам повеќе генерации од исто семејство и бев горд да гледам како вашите деца растат до полнолетство, да имаат свои деца и, во ретки случаи, да ја обезбедам последната грижа и комфорт за оние чие време на овој свет се ближеше кон крајот.
И додека моето сопствено време се ближи кон крајот, сакам да Ви заблагодарам. Тоа што вие и вашите семејства живеевте среќни и успешни животи е мојата оставнина. Сега сум тотално свесен дека во време на болест, не постои ништо толку вредно како сочувствителен доктор со знаење и вештина да излечи, и уште поважно, да се грижи. Се надевам дека бев токму таков доктор за вас. Никогаш нема да ја заборавам честа што ми ја доделивте избирајќи ме за ваш доктор…
…Ова е мојата последна комуникација со вас. Ви посакувам долго здравје и се надевам дека и вие, кога ќе стигнете до крајот на вашите животи, ќе погледнете наназад со толку наклонетост и гордост како што гледам јас. Беше задоволство да ве познавам, секој од вас.