Тригодишниот диџеј Arch Jnr е новиот победник во реалното шоу “Јужна Африка бара талент”.
Тој стана најмладиот првак во историјата на светскиот телевизиски формат Got Talent, а во финалето ги надвладеа другите петмина финалисти.
Момченцето со уметнички псевдоним Dj Arch Jnr за прв пат го предизвика вниманието на јавноста во јануари, откако неговиот татко Глен Хогуејн објави видео со „настап“ на детето во неговата соба.
Победата предизвика разноврсни реакции и не беа сите воодушевени од Arch Jnr.
За многумина целата приказна изгледа како целосно исмејување на програмите за таленти и со диџејството.
На видеото на YouTube изгледа очигледно дека момчето се забавува зад пултот, но на настапот во живо тоа е очигледно збунето – поради што некои побрзаа да го обвинат неговиот татко дека го тера да работи против неговата волја.
Повеќе критики предизвика контроверзното прашање колку Arch Jnr навистина е ду-џеј. Татко му веќе призна дека тој му подготвува плејлисти на својот син, а копчињата на пултот кои Arch ги врти на сцената, не даваат материјални ефект врз звукот. Ваквото признавање го засили чувството на измама. Подоцна таткото објави на Twitter слики со објаснување како точно биле поврзани конзолата и лаптопите кон аудио системот.
“Многу сме горди како семејство”, изјави таткото по победата. “Тој не изненади од првиот ден, уште од јануари, кога го освои интернетот, затоа освојувањето на” Јужна Африка бара талент “е шлаг на тортата“.
Глен Хогуејн вети уште дека Arch Jnr ќе се манифестира само на настани соодветни за деца и дека фокусот ќе биде ставен на неговото образование.
Според гласините неговите родители ќе ги вложат заработените 25 илјади фунти во фонд и со нив ќе го платат токму образованието на детето, и исто така ќе ги подобрат неговите услови за живот.