Три прашања кои откриваат дали сте со погрешнен човек

Дали го одбрале вистинскиот е едно од прашањата кои многу пати се запрашале голем број на жени. Иако основен предуслов за одговор на ова прашање е запознавање на лицето со кого планирате поблиска и подалечна иднина, постојат работи кои треба да се разгледаат пред да одлучите да го подарите срцето некому.

Авторката Холи Петерсон одлучила во својата книга ‘The Idea Of Him’ да открие некои од најчестите грешки кои ги прават жените кога ќе се заљубат.

1. Емоции

Заљубеноста е прекрасно чувство кое освен пеперутки во стомакот, има уште еден пропратен ефект. Тоа е т.н. „кратковидност“ која не дозволува реално да се согледа ситуацијата во која се наоѓаме.

Но, прашањето кое треба да го постави секоја жена е- дали сте во љубов во него или идејата која ја имате за него?

2. Желби

Една личност може да нè привлече на различни начини. Понекогаш е доволен физичкиот изглед, а понекогаш начинот на живот, интелект, или пак убави зборови.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Но, понекогаш лицето во кое се заљубуваме во тој момент ги исполнува нашите желби, односно емоционалната празнина која моментално ја чувствуваме, или пак не ја чувствуваме, но таа постои. Тоа е причината поради која треба да се запрашате- дали лицето кое седи до мене е навистина таква или само така ја доживувам?

3. Потреби

Секој од нас има одредени потреби, без разлика дали физички или емотивни. Поради тоа е многу важно да најдете партнер кој ќе ги исполни тие потреби. За двајца да функционираат важно е тие потреби да бидат заеднички, што значи дека вие и вашиот парнет треба да имате заеднички животни цели, слична или иста визија за забава и живот во зедница.

Ако сакате да дознаете дали го најдовте човекот на вашиот живот, поставете го прашањето- дали нешто што ве исполнува би го правеле со вашиот партнер или попрво би го избрале најдобриот пријател?

- Реклама -