Три децении мозаична посветеност: Изложба на Ѓорѓи Томовски во Охрид

Три децении мозаична посветеност: Изложба на Ѓорѓи Томовски во Охрид

На предстоечата изложба ќе бидат изложени 30 уникатни мозаици, кои симболично ја обележуваат тридецениската кариера на авторот во оваа древна сликарска техника. На отворањето, свој музички настап ќе има професорот Драган Даутовски.

Ѓорѓи Томовски е еден од малкумината мозаичари на нашите простори кои активно практикуваат оваа уметност. Неговите теми се универзални и бесмртни, а самите мозаици се создаваат со исклучителна прецизност и посветеност. Дипломирал и магистрирал на сликарскиот оддел при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а мозаичарството го учел паралелно со студиите во ателјето на професорот и академик Газанфер Бајрам. Преку долгогодишен труд и работа на значајни проекти, го развил својот специфичен стил кој успешно го практикува веќе 16 години во своето студио за мозаик, каде што настанале овие дела. Томовски своето знаење го споделува и со учениците во Средното уметничко училиште, каде што работи како професор по применето сликарство.

Прочитајте и:  Бронзата ѝ донесе на Англија над 25 милиони евра