Доналд Трамп пак на мета. Овојпат американската јавност и светот му се смеат бидејќи е снимен како се качува во претседателскиот авион додека на чевелот му е залепено парче хартија што многу личи на тоалетна.
Тоа го видоа сите освен тие што најмногу требаше – оние кои на било кој начин се задолжени за претседателот. Човек дури да помисли дека намерно му прават вакви саботажи.
Од друга страна, Huffington Post со право пишува дека ова е класична комична ситуација која може секому да му се случи, но исто така со право истакнува и дека сé добива поинакви размери кога се работи за претседател, па и уште американски… „лидерот на слободниот свет“, како што го нарекуваат.