Трамп: Нема да кажам кој е одговорен за експлозиите на гасоводите „Северен тек“, но тоа не беше Русија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“, изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ во септември минатата година и сугерираше дека САД се вмешани во инцидентот.

„Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам кој не беше – Русија. Тоа не беше Русија. Ја обвинија Русија. Знаете дека тие рекоа: Русија го разнесе сопствениот гасовод“, рече Трамп.

Гасоводите Северен поток 1 и 2 беа уништени во септември минатата година од серија експлозии кои уште од самиот почеток сугерираа дека се работи за саботажа. Истрагите на Шведска и Данска, земјите во чиишто ексклузивни економски зони се случија експлозиите, го потврдија тоа, но до овој момент, наводно, сѐ уште не е утврден виновникот.

Извор: МИА

- Реклама -