Трамп до Европа за над 800 заробени џихадисти во Сирија: Земете си ги назад, или ќе мораме да ги ослободиме

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека европските држави мора да преземат неколку стотина борци на Исламска Држава заробени во Сирија.

Во декември Трамп објави дека САД повлекува близу 2.000 американски војници од Сирија кои им помагале на локалните воени сили во борбата против Исламска Држава.

„САД бара од Велика Британија, Франција, Германија и другите европски држави да преземат повеќе од 800 џихадисти заробени во Сирија, и да им судат. Калифатот е на чекор да биде поразен. Алтернативата не е добра, бидејќи ќе бидеме принудени да ги ослободиме“, порача Трамп на Твитер.

„САД не сакаат да гледаат како овие борци на ИСИС ја преплавуваат Европа, каде што и се очекува да одат. Ние правиме толку многу и трошиме толку многу – време е и другите да истапат и да ја сработат работата што се неспорно способни да ја сработат. Се повлекуваме по целосната победа над Калифатот!“, додаде Трамп.

Аналитичарите стравуваат дека постои ризик дека опозиционите сили нема да можат да ги контролираат „странските терористички борци“ откако Белата куќа објави повлекување на американските сили.

Прочитајте и:  Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна пред татко ми да стапи на функција

Затоа во изминатите две седмици администрацијата на Трамп врши притисок врз сојузниците да ги преземат своите државјани кои се заробени и се бореле на страната на џихадистите. Неколку земји, меѓу кои и Франција, ја одбраа опцијата џихадистите да останат во затвор кај Сириските демократски сили.

- Реклама -