
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Садовите Амерички во моментов се „најмоќната“ и „најпосакуваната“ земја во светот. Ова го истакна во објава на социјалната мрежа Truth Social. Трамп ја спореди актуелната ситуација со времето на администрацијата на Џо Бајден, тврдејќи дека во тој период Америка била „мртва“ и „изложена на исмевање“ од страна на другите земји. „Но, сега е поинаку – никој повеќе не се смее“, напиша Трамп, потпишувајќи се како „Претседател DJT“.
Во друга своја изјава, Трамп се осврна и на ситуацијата со Иран, откако Техеран објави дека Ормускиот теснец е повторно отворен за пловидба. Тој порача дека теснецот е „целосно отворен и подготвен за работа“, но истовремено нагласи дека американската поморска блокада против Иран ќе продолжи. Според Трамп, оваа блокада ќе остане во сила сѐ додека не се заврши американската „трансакција“ со Иран, додавајќи дека процесот треба да се одвива брзо, бидејќи, како што тврди, поголем дел од клучните услови веќе се договорени.



