Трамп бара резултатот од изборите да биде објавен уште вечерва

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА.

– Го сакаме одговорот вечерва, рече 78-годишниот кандидат на својот последен митинг во Гранд Рапидс во сојузната држава Мичиген.

Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во претходните денови со неосновани наводи за изборна измама.

Републиканецот се кандидира против демократката Камала Харис и засега изгледа дека трката ќе биде тесна.

Се смета дека е малку веројатно дека изборниот резултат ќе биде утврден во рок од неколку часа по затворањето на избирачките места. Гласовите по пошта особено го одложуваат процесот на броење во некои држави.

Прочитајте и:  Иран со осуда за „дестабилизирачкото присуство“ на САД на Блискиот Исток по најавите за распоредување американски бомбардери и други сили

По претседателските избори во 2020 година, Трамп се прогласи себеси за победник во изборната ноќ и повика да се запре броењето на гласовите кога кусо време беше пред неговиот тогашен ривал Џо Бајден.

Тој до ден-денес одбива да ги признае неговиот изборен пораз во 2020 година. Според аналитичарите, постојат стравувања дека Трамп може да ја повтори оваа стратегија.

- Реклама -