Хибридните и електричните возила стануваат сѐ поактуелни, пред сѐ поради ниската потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови. Но, формите на повеќето од овие автомобили тешко можат да се наречат инспиративни. Во Toyota се свесни за тоа и планираат стилски промени за следната генерација на Prius.
Иако возилото постигнува рекордни продажби, Јапонците размислуваат да ја променат аеродинамичноста, како и „ребрестиот дизајн“ со кој се одликуваат последните две генерации на моделот.
„Едноставно примаме сигнали дека луѓето се подготвени за нов вид Prius“, изјави потпретседателот за стратешко планирање на брендот во Америка, Крис Хостетер, кој работи заедно со дизајнерскиот тим на Prius.
Toyota сѐ уште не зазела конечен став за формите на следната генерација на Prius, но како и досега, идејата е возилото да не престанува да се развива и да се пристапи кон револуционерни зафати.
Според независниот аналитичар Џон Волковиц, дизајнот на Prius е многу прецизен, но тоа не значи дека не треба да се менува. Тој смета дека формите на автомобилот се речиси совршени за сличен производ, но тие привлекуваат само одредена група луѓе. Време е автомобилот да се насочи кон пошироката публика.
Дали Prius ќе добие лесни промени во дизајнот или ќе тргне во сосема нова насока ќе дознаеме по малку повеќе од една година, за кога е најавена премиерата на новата генерација на моделот, откри Хостетер.