Toyota најави два нови системи за безбедност под имињата Intelligent Clearance Sonar и Drive-start Control, кои ќе се грижат да не се удираат автомобилите при пракирање.
Intelligent Clearance Sonar ги следи преку радар пречките околу возилото и му предочува, односно соопштува на возачот дека се појавиле пречки. Ако возачот не реагира, системот сам го запира автомобилот. Доста од водечките компании нудат автоматски системи за паркирање, но тие не го запираат автомобилот при ваква ситуација.
А, системот Drive-start Control следи дали возачот не притиснал премногу силно на педалата за гас. Овој систем ќе спречи удар, дури и кога возачот е збунет доколку се враќа наназад и нема соодветна прегледност. Во ваков случај Drive-start Control ќе ја согледа ситуацијата и сам ќе ја ограничи силата кон тркалата од моторот.