Тотенхем го понижи Интер, Челзи поразен во Букурешт

Интер не го памети Тотенхем по добро, Спарси пред три години во Лигата на Шампионите го совладаа италијанскиот тим, а екипата од Северен Лондон и оваа сезона е кошмар за Нероазурите.

Тотенхем со убедливи 3-0 го победи Интер на Вајт Харт Лејн, триумфот можеше да биде и пубедлив доколку Хандановиќ немаше добра партија.

Резултатот беше отворен уште во 6. минута кога Герет Бејл погоди со глава за водство на Тотенхем од 1-0.

Во 18. минута Сигурдсон го зголеми водството на 2-0, а по осум минути во второто полувреме Вертонген ги постави конечните 3-0.

Тотенхем имаше уште неколку идеални шанси и за поголема победа, но и Интер имаше убави можности да ја затресе мрежата на Фридел.

Со овој пораз во Лига Европа се посилно се тресе столчето на Андреа Страмачони, само чудо во Милано може да го спаси Интер од елиминација.

Актуелниот европски шампион, тимот на Челзи со пораз се враќа од гостувањето во Букурешт, Стеауа славеше со 1-0.

Единствениот погодок беше дело на Русеску од пенал во 34. минута од натпреварот.

Лацио славеше голем триумф на гостувањето кај Штутгарт, Италијанците победија со 2-0.

Едерсон во 21. и Онази во 56. минута беа стрелци за Лацијалите.

Лига Европа 1/8 финале:

Анжи – Њукасл 0:0
Викторија Плзен – Фенербахче 0:1
Стеауа – Челзи 1:0
Штутгар – Лацио 0:2
Базел – Зенит 2:0
Бенфика – Бордо 1:0
Леванте – Рубин Казан 0:0
Тотенхем – Интер 3:0

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -