Комбинизонките ова лето се застапени во голем број модни линии и тоа во разни варијанти.
Елегантните комбинизонки во последно време го засенија дури и малото црно фустанче.
Сепак, сте знаеле ли дека инспирацијата за ова атрактивно парче облека е пилотската униформа? Модерната верзија, комбинира кроеви и материјали кои го софистицирале стандардниот изглед, па така денес се на самиот врв на сите трендови и тоа преку целата година.
Комбинизонките особено доаѓаат до израз во текот на летото, поради лесните материјали, но и бојата и дезенот. Жените ги сакаат, затоа што со нив добиваат две во едно, односно блуза и панталони или порцеви, а притоа изгледаат дотерано со само едно парче. Освен тоа, многу се удобни и пријатни за носење, што е причина повеќе се изберат.
Во продолжение, погелднете какви комбинизонки се популарни ова лето.