Топ 6 демони

демониВо текот на историјата, и на различни места на планетава, луѓето верувале во лоши суштества кои шетале по Земјата. Овие духови се среќаваат во митологија, легенди, окултизам и религија. Ширењето на Христијанството низ светот зависело од верувањето во демони, но многу култури имаат своја форма на лоши суштества кои се пострашни од оние од абрахамските религии.

Во текот на историјата, и на различни места на планетава, луѓето верувале во лоши суштества кои шетале по Земјата. Овие духови се среќаваат во митологија, легенди, окултизам и религија. Ширењето на Христијанството низ светот зависело од верувањето во демони, но многу култури имаат своја форма на лоши суштества кои се пострашни од оние од абрахамските религии.

Џин
демони

Во западниот свет, демонот џин е попознат како џини или духот од ламбата. Овие натприродни суштества кои живеат во паралелна реалност која е слична со нашата. Во Куранот, тие имаат слободна волја како и луѓето, значи можат да бидат добри или лоши. Но, ако едно од овие суштества го избере патот на зло и уништување, тие стануваат многу страшни. Нивните физички тела се направени од пламен кој не чади. Иблис бил џин, исламскиот еквивалент на Луцифер. Откако неговиот бунт во рајот бил неуспешен, Иблис бил поштеден и му било дозволено да живее на Земјата и да ги искушува луѓето сè до судниот ден.

Фурии
демони

Фуриите се суштества од грчко-римската митологија. За Римјаните тие биле Фурии а Грците ги викале Еринии. Тие биле божици од Подземјето кои ја персонифицирале одмаздољубивоста и гневот на луѓето кои умреле прерано. Тие талкаат по Земјата и ги казнуваат луѓето кои лажно се заколнале и ги одмаздуваат неправедно убиените луѓе. Нивниот број варира, но најчесто напаѓаат во групи од по три. Нивниот изглед е секогаш ужасен, со очи од кои капи крв и крлја од лилјак за да можат да летаат наоколу додека ја вршат својата работа.

Раиџу
демони

Раиџу е легендарно суштество од Јапонската митологија. Неговото име значи „ѕвер од громови“, име кое го опишува неговиот изглед. Раиџу има тело направено или од громови или од пламен. Но формата на громовите или пламенот може да варира од мачка до мајмун па дури и син волк завиткан во громови. За време на бури, Раиџу се вознемирува и почнува да скока врз дрва и згради. Демонот исто така сака да одмара во папокот на заспан човек. Богот на громовите во Шинто религијата, Раиџин, тогаш мора да го разбуди Раиџу со гром, што најчесто го убива човекот. Луѓето пробуваат да ја избегнат ваквата смрт спиејќи на стомак за време на бура.

Пазузу
демони

И Асиријците и Вавилонците знаеле дека кралот на демоните на ветрот бил Пазузу. Тој го претставува југозападниот ветар кој носи и суши и бури. Пазузу бил познат по тоа што носел скакулци за време на дождовната сезона и глад за време на сувата сезона. Тој најчесто е претставен како комбинација на човечки и животински делови – најчесто со тело на човек, глава на лав и два пара крила.

Берит
демони

Берит е често проучуван демон од христијанската демонологија. Тој е „Големиот Војвода на Пеколот“ и командант на дваесет и шест демонски легии. Неговите моќи генерално служат за убивање и богохулење против христијанскиот бог. Неговиот физички изглед генерално е војник во црвена облека со златна круна кој јава на црвен коњ. Од време на време, тој има и црвена кожа. Тој може да биде повикан од смртници, но ако човекот кој го повикал нема сребрен прстен кој ќе му го покаже на Берит, демонот ќе го измачува човекот до лудило пред да го убие.

Абадон
демони

Абадон е уште еден демон кој потекнува од христијанската традиција. Тој може да се сретне и како Аполион, што преведено од грчки значи „Уништувачот“. Тој се среќава во библиската книга „Откровение“, напишана од Св. Јован. Оригиналното хебрејско име, Абадон, буквално значи „место на уништување“, но во христијанските записи тој е опишан како индивидуа. Тој е опишан како крал на јамата без дно која ги држи загубените души и командант на уништувачка чума од штурци. Сите други извори надвор од Библијата го идентификуваат како ангел на уништувањето, водач на апокалипсата, и еден од главните демони во подземјето кој e речиси на исто ниво како сатаната.

- Реклама -