Неодамна спроведено истражување покажа дека жените, без оглед на фактот што живееме во 21 век, многу малку време посветуваат на нега на лицето и телото. Главната причина за тоа е недостатокот на време.
Растргнати околу домашните обврски, сопругот, децата и секојдневните проблеми, понекогаш се чини дека жените станаа машини за перење, готвење, чистење, пеглање…Од припадничките на понежниот пол се очекува секогаш сѐ да можат. А кога ќе се запостават себе си и брачните обврски, настануваат проблеми и неверства…
Жени, време е да стиснете кочница и конечно да направите нешто убаво за себе! Еве наши предлози како најбрзо и наједноставно да се подмладите и разубавите:
1. Нова фризура – научно е докажано дека ако жената е задоволна со својата коса се чувствува многу посигурно и посамоуверено
2. Третман за лице и масажа – одлучете се за богата понуда на третман за лице и една пријатна масажа за опуштање
3. Патување – за позитивните дејства кога се враќате од патување не треба многу да се зборува. Кога батериите се наполнети, ослободени сте од стрес, се чувствувате препородено, а тоа се одразува и на физичкиот изглед. Ако не можете да си дозовлите подалечна дестинација, одберете некое локално селце или планина. Ефектот ќе биде ист.
4. Маникир и педикир – израдувајте ги вашите прсти со разубавување
5. Квалитетен сон – покрај тоа што негативно влијае на расположението и меморијата, неодоволниот сон влијае и на дебелеењето. Новите истражувања укажуваат дека врската меѓу спиењето и дебелеењето е далеку поголема отколку што се мислеше. Доколку имате лоша навика кратко и нередовно да спиете, преземете нешто.