Топ 5 плажи на Скијатос

Малиот и прекрасен остров Скијатос, кој многумина го нарекуваат бисерот на Егејското Море, нуди многу можности за забава и огромен број плажи. Но, денес ќе погледнеме кои 5 плажи се прогласени за најатрактивни според туристите кои го посетиле островот.

Кукунариес

Топ 5 плажи на Скијатос

Кукунариес е дефинитивно најпознатата и најдобрата плажа на Скијатос, а неколку години по ред беше прогласувана и за најдобра плажа во целото Егејско Море. Причината за тоа е едноставна: широкиот песочен појас пред кристално бистрата вода се протега сѐ до густите борови насади во позадината; на плажата има 3 таверни, 3 клубови за водени спортови и два киосци за цигари и сокови. До плажата се пристигнува по т.н. обиколница, која почнува од градот Скијатос, а завршува токму пред плажата. Постои редовна автобуска линија која сообраќа до плажата, на секои 15-20 минути, а возењето ќе ве чини 2 евра.

Аселинос

Топ 5 плажи на Скијатос

Постојат две плажи кои го носат ова име: големата и малата плажа Аселинос. Се наоѓаат на северната страна од островот, до каде што преку копно водат единствено земјени патишта, но затоа таму застануваат речиси сите тури со бродови. Токму затоа, големата плажа Аселинос е доста посетена во периодот од 13 до 15 часот, кога пристигнуваат многу луѓе и вообичаено ручаат во големиот ресторан. Но, пред и потоа, оваа плажа е доста мирна. Понекогаш, морето тука знае да се разбранува. Малата плажа Аселинос е поубава, но за да пристапите до неа треба да се искачите по стрмниот рид. Таму има само една мала таверна со доста услужлив персонал.

Лаларија

Топ 5 плажи на Скијатос

Лаларија претставува комплетно „дива“ плажа, без каква било организација. И оваа плажа се наоѓа на местата за посета на турите со бротчиња. Се работи за место со запрепастувачки убав пејзаж, со тиркизно сина вода и плажа со покрупни камчиња кои на моменти може да станат и многу жешки.

Трулос

Топ 5 плажи на Скијатос

Плажата Трулос е убаво организирана песочна плажа, која е погодна за семејства, бидејќи водата не е премногу длабока. На самата плажа има една таверна, снек-бар и ресторан во склоп на хотел. Ако сакате да уживате во оваа плажа, треба да се симнете на автобуската станица со број 18.

Вромолимнос

Топ 5 плажи на Скијатос

Вромолимнос полека станува втората најпопуларна плажа на островот, кога станува збор за помладите посетители. Уникатното опкружување, чистата вода и шанковите зад лежалките нудат можност за одмор, но и за добра забава. За да пристигнете на Вромолимнос, треба да се симнете на автобуската станица број 13 и да бидете подготвени за мало искачување и потоа и симнување од ридот.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -