Топ 10 скриени слики во цртаните филмови

Повеќе... Сите сакаат цртани филмови – и возрасните и децата. Веројатно поради тој факт секогаш постои искушението оние што ги прават да вметнат нешто скриено во нив мислејќи дека тоа нема никој да го забележи. Но секогаш се тука луѓето со многу слободно време да ги откријат скриените валкани сликички на компаниите како Дизни кои за тоа завршија и на суд. Еве една топ 10 листа на најконтроверзните скриени слики и пораки откриени во цртаните филмови.

Сите сакаат цртани филмови – и возрасните и децата. Веројатно поради тој факт секогаш постои искушението оние што ги прават да вметнат нешто скриено во нив мислејќи дека тоа нема никој да го забележи. Но секогаш се тука луѓето со многу слободно време да ги откријат скриените валкани сликички на компаниите како Дизни кои за тоа завршија и на суд. Еве една топ 10 листа на скриени слики и пораки во цртаните филмови.

10. Ѕвонарот на Богородичната црква

Околу 02:45 минута на овој клип оние со подобро око можат да ги видат ликовите од другите цртани филмови на Дизни: од The Lion King, уличен трговец со летечкиот тепих од Аладин, а се појавува дури и сателитска антена на еден од покривите.

{youtube}tEOFQAJAcss&feature=player_embedded{/youtube} 

9. Сублиминални пораки со сексуална конотација во Покахонтас
{youtube}bZDyL316x0E&feature=player_embedded{/youtube}
 
8. Фалусната палата
littlemermaid-subliminal-22.jpg-tm.jpg

Ова е една од попопуларните слики. Се зборуваше дека човекот кој ја нацртал фалусната палата во Малата сирена бил на пат да ја изгуби својата работа, па тоа го направил од одмазда. Меѓутоа, самиот уметник, изјави дека сето тоа е производ на неговото брзање за да стигне до крајниот рок, па така, дека не бил свесен во моментот за формата која ја нацртал се додека не бил контактиран од еден згрозен член на црквата кој слушнал за овој контроверзен чин. Очигледно, во подоцнежната верзија на видеото овој фамозен облик бил отстранет.

7. Што е тоа што стрчи?
little-mermaid-priest-subliminal-messages.jpg-tm.jpg

Едно друго популарно обвинение околу Малата сирена кон продуцентите на Дизни се случи кога некој ја забележал чудната форма на туниката на свештеникот во сцената во која Урсула (маскирана како Венеса) е на пат да се омажи за Ерик. Меѓутоа подоцнежните кадри покажуваат дека всушност се работи за коленото.

6. Симба и секси облакот
disneysex.jpg-tm.jpg

Уште една популарна контроверза. Дебатата се водеше околу изјавата на луѓето од тимот за специјални ефекти кои сакале да ги напишат своите иницајали S-F-X на облакот, меѓутоа од тоа испаднало нешто друго на крајот. Која е вистината – одлучете сами.

5. Пајо Паторот е расист

И покрај тоа што тешко е да се разбере што кажува Пајо Паторот, речениците како „God damn stupid nigger“ тешко можат д се игнорираат и покрај тоа што од Дизни пробаа да се извлечат тврдејќи дека всушност се работи за „Goddurn stubborn nitwit“, додека според други за „You doggone little“. Но ова не беше прв пат Пајо Паторот да биде обвинет за „валканиот“ јазик. Во 1995 година, Wal Mart ја тргнал епизодата „Clock Cleaners“ од своите полици, поради поплаките дека Пајо Паторот во цртаниот филм со Мики Маус извикал „Fuck you!“ во еден момент. 
{youtube}jbjyJE27gUY&feature=player_embedded{/youtube}
 
4. Take off your clothes

Ова е едно од најтешките обвинувања кое Американската Life League сакаше да го искористи за ги забрани филмовите од Дизни, тврдејќи дека тие им пренесуваат сублиминални сексуални пораки на децата со години. Во оваа сцена може да се слушне еден глас кој шепоти “Good teenagers take off your clothes”. Според сценариото, всушност се работело за „Good kitty, take off and go“.
{youtube}p4piZV5wPrw&feature=player_embedded{/youtube}
 
3. Џесика Рабит без долна облека
disney-subliminal-roger-rabbit-jessica1.jpg.jpeg

Џесика Рабит е можеби една од најсексипилните анимирани ликови, а еве и зошто. Во сцената во која Џесика е исфрлена од кола, нејзиниот фустан се крева и ни открива дека овој анимиран лик не носи долна облека. Забавата на аниматорите кои ја вметнале оваа сцена која очекувале дека ќе остане неоткриена, им ја расипал некој младич кој (од непознати причини:) го паузирал токму тој момент.

2. Топлес сцени

Фактот што има топлес жени во верзијата од 1977 на анимираниот филм The Rescuers беше нешто што од Дизни не можеа да го порекнат. Со наведната глава од срам ја признаа грешката (и штетата) направена пред 25 години со 3.4 милионите продадени копии од цртаниот филм.
{youtube}YzNXgk5eWGg&feature=player_embedded{/youtube}
 
1. Секси ѕвер

Во Убавицата и ѕверот има многу сексуални референци, но исто така можеме да видиме и некои други: скриени черепи, роговите на ѓаволот, а последната сцена е со очигледна  експлицитна содржина.
{youtube}jGnnaP5ePHs&feature=player_embedded{/youtube}
 
- Реклама -