Топ 10 најсексистички реклами на сите времиња (видеа)

Топ 10 најсексистички реклами на сите времиња (видеа)Маркетинг компаниите често се фокусираат на разбранување на емоциите на потрошувачите, за да извлечат колку што можат поголема реакција. Понекогаш, емоциите најлесно се допираат преку потенцирање на одредени полови стереотипи…

10. Во оваа реклама за осигурувањето Allstate, Дин Винтерс игра емотивно нестабилна тинејџерка која претставува опасност за сите околу неа откако ќе ги чуе лошите вести.

{youtube}vtP-S9OS0o0{/youtube}
9. Dodge направија реклама која е своевиден „манифест на машкоста“ во контраст на заедничкиот живот со жените.

{youtube}kfW-vbbZHBY{/youtube}
8. До сега не може да не сте чуле за Axe ефектот. Тоа е оној ефект што ги тера апсолутно сите жени да се залетаат по секој маж кој на себе користи ваков дезодоранс. 

{youtube}I9tWZB7OUSU{/youtube}
7. Новиот, поголем хамбургер од Nando доаѓа спакуван со глупава русокоса што не може да си го најде помфритот. Рекламата била повлечена по првото емитување поради премногу жалби и поплаки.

{youtube}SbYTuBV4Ebo{/youtube}
6. Тајната на добриот брак очигледно била пивото Bud Light. Барем тоа мајката ѝ го соопштува на ќерка си, на денот на венчавката.

{youtube}f03FNDonS8o{/youtube}
5. Куќата-играчка за девојчиња од Hasbro се фокусира на најважните нешта за жената – кујната и перењето алишта.

{youtube}qVgHrV9H-8k{/youtube}
4. Оваа реклама за Mercedes е уште една шега за русокоси, а слоганот е: „Што е убавината без мозок?“

{youtube}B6ztq8nBfBU{/youtube}
3. Порано, една од главните задачи на сопругите била правењето кафе за нивните сопрузи. Но, Folgers ни соопштува дека не биле многу добри во таа задача…

{youtube}WVt-ecRzQlY{/youtube}
2. Во оваа реклама за National Airlines, Меги ќе ви каже дека треба „да ја летате“.

{youtube}pA10Q5YefQQ{/youtube}
1. Најдобрите автомобилски гуми се оние што ќе обезбедат безбедност, дури и кога вашата сопруга вози сама. Да им верувате на Goodyear.

{youtube}td6m3OhO5zE{/youtube}

- Реклама -