Топ 10 најдебели нации во светот

Знаеме дека гојазноста е проблем на денешницата, ама знаевте ли дека речиси една третина од светската популација се дебели?

Последните 30 години, бројот на дебелите луѓе во светот неверојатно порасна, скокајќи од 857 милиони, колку што имало во 1980-тата, на повеќе од 2 милијарди во 2013-та. Згора на тоа, на светот има два и пол пати повеќе дебели отколку што има неухранети. Повеќе луѓе умираат од премногу јадење, отколку што умираат од глад.

Само во 2010-та, 3-4 милиони луѓе починале како последица од гојазност или проблеми предизвикани од гојазност. И додека САД се уште води на листата на најдебели нации, некои земји опасно се приближуваат (Египет дури и ги надминува, процентуално).

Obese-model[1]

Ако не се преземат сериозни мерки, заради се поголемиот број на „седечки“ работни места и лесната достапност на висококалорична, масна, брза храна и пијалоци, во наредните децении епидемијата на гојазноста може да стане сериозна закана по здравјето на луѓето, и тоа на глобално ниво. Global Burden of Disease објави студија (финансирана од Бил и Мелинда Гејтс) во која се наведени 10-те најдебели нации на светот. Меѓу нив има и неколку изненадувања:

1. САД: 78 милиони луѓе, 33% од возрасните
2. Кина: 46 милини луѓе, 44% од возрасните
3. индија: 30 милиони луѓе, 3.8% од возрасните
4. Русија: 28 милиони луѓе, 24.1% од возрасните
5. Бразил: 22 милиони луѓе, 16.2% од возрасните
6. Мексико: 20 милиони луѓе, 26.9% од возрасните
7. Египет: 18 милиони луѓе, 35.9% од возрасните
8. Германија: 16 милиони луѓе, 24.3% од возрасните
9. Пакистан: 14 милиони луѓе, 13.6% од возрасните
10. Индонезија: 11 милиони луѓе, 6.8% од возрасните

- Реклама -