Топ 10 места на светот кои не смеете да ги посетите

zabraneti_mestaОд тајната ватиканска архива можете да побарате кој било документ (под услов да е постар од 75 години), но во самиот простор на архивата, во која се наоѓаат 84 километри полици со материјали, никако не смеете да влезете. Од озогласенатa Област 51 во Невада до најексклузивниот англиски White gentlemen клуб во Англија, еве една листа со топ 10 места кои не можете во никој случај да ги посетите.

Од тајната ватиканска архива можете да побарате кој било документ (под услов да е постар од 75 години), но во самиот простор на архивата, во која се наоѓаат 84 километри полици со материјали, никако не смеете да влезете. Од озогласенатa Област 51 во Невада до најексклузивниот англиски White gentlemen клуб во Англија, еве една листа со топ 10 места кои не можете во никој случај да ги посетите.

Межгорје (Башкортостан)
15nnknl
Межгорје е град во Русија од затворен тип. Американците мислат дека жителите на градот работат во подземни институции на војската, но никој нема поим што се прави таму. Градот е основан во 1979, а претходно ништо во близина не постоело таму, а сите знаеме дека град во Сибир не се прави од чиста досада.

Ватиканските тајни архиви
2ibe2j5
Можете да погледнете кој било документ, но никако не можете да стапнете во архивата (освен ако не сте Папата лично). Со посебно барање секој документ е пристапен за заинтересираните. Наспроти неточните описи на Ден Браун, документите се достапни и не постојат копии од забранети научни теории и големи книжевни дела. Единствените документи кои се достапни за луѓето кои сакат да ги видат се оние кои се уште не се стари 75 години (со цел да се заштитат дипломатските и владините информации). Било пресметано дека Ватиканските Тајни Архиви содржат материјали сместени на полици долги 84 километри, а самиот каталог е во 35,000 тома.

Клуб 33
jhanht
Спротивно на популарните верувања, во Дизниленд се продава и конзумира алкохол, но само кога местото е затворено за јавноста и кога се приредуваат приватни забави. Но на едно место во Дизниленд е секогаш така: во Клубот 33. Клубот 33 е приватен клуб лоциран во срцето на Дизниленд. Официјално постои како потајна локација во овој забавен парк, со влез препознатлив по тоа што го краси изгравираниот број 33. За да станете член на клубот, потребно е да се најдете на крајот на листата со чекање исполнета за четирнаесет години однапред, а членарината во клубот изнесува од 10 до 30.000 американски долари.

Московското метро
awxl74
Метро-2 во Москва e име за наводно тајните подземни железнички линии паралелни со јавното московско метро. Се претпоставува дека тие биле изградени за време на Сталин и биле наречени со тајно име Д-6 од страна на КГБ. Според пишувањата на руските новинари постоењето на Метро-2 ниту е потврдено, ниту негирано од страна на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) или од администрацијата на московското метро. Должината на Метро-2 линиите наводно ја надминува онаа на јавното метро. Се вели дека постојат четири линии и дека тајното метро лежи на длабочина од 50-200 метри. Исто така, се вели дека го поврзува Кремлин со просториите на ФСБ, владиниот аеродром во Внуковои, подземниот град Ременки, заедно со други локации од национална важност. Нема потреба да се каже дека фактот што никој досега не го потврдил неговото постоење ја прави оваа подземна железница многу тешко достапна.

Клубот White gentlemen
258mf0p
Клубот на Белите џентлмени е најексклузивниот клуб во Англија. Бил основан во 1963 од италијанецот Франческо Бјанко (Францис Вајт) и тогаш таму се пиело  новооткриеното топло чоколадо, но со тек на време станал типичен, но екстремно приватен клуб за џентлмени. Тоа е клуб прочуен по некои од најбизарните обложувања. Зошто овој клуб е на оваа листа? Прво, жените се комплетно исклучени од клубот и второ, мажите кои сакаат да бидат членови мора да бидат поканети од угледен и долгогодишне член со дозвола на уште двајца други членови. Доколку не сте член на кралско семејство, или екстремно влијателен во политиката или уметноста, тешко дека би виделе како изгледа еклсклузовната покана на Белите.

Областа 51
2zyfnkz
Областа 51 (англ. Area 51) е е американска воена база сместена во пустината Невада. Тоа е вискочувана база за испитување авиони и нови оружја. Заради таа тајност на високо ниво таа стана дел од многу урбани легенди за вонземски летала и суштества. Постојат некои поединечни изјави за различни необични појави во околината на базата. Знакот на сликата вели дека доколку некој влезе во областа врз него може да биде употребено смртоносно оружје.

Собата 39
2dsoi0h
Собата 39 е без сомнеж една од најмистериозните организации во Северна Кореја. Многу малку се знае за неа заради таинствената природа на организацијата, но се шпекулира дека таа се користи со 10 до 20 банкарски сметки во Кина и Швајцарија за фалсификување, перење пари и други нелегални трансакции. Исто така, Собата 39 се поврзува со шверц со дрога и нелегална трговија со оржје. Она што е познато е дека организацијата поседува 120 странски компании за тргување под своја јурисдикција и е под директна контрола на Ким Џонг-ил. Северна Кореја негираше каква била вклученост во нелегални активности. Собата 39 се верува дека е лоцирана во зградата на владеачката Работничка партија во Пјонгјанг, главниот град на Јужна Кореја.

Храмот Исе
5k1xqu
Исе храмот во Јапонија (кој е всушност комплекс од 100 храмови) е најсветото место во Јапонија. Посветен е на Amaterasu (божицата на сонцето) и постои од 4 век п.н.е Во главниот храм наводно се чува најважноото нешто од јапонската империјална историја: Naikū (огледалото од јапонската митологија кое наводно завршило во рацете на првите владетели). Храмот се руши и повторно се гради на секои 20 години во дослух со философијата на Шинто религијата за смрт и повторно раѓање. Следниот циклус на повтрно градење ќе биде во 2013 година. Ова се рангира високо на листата на места кои никогаш нема да ги посетите зошто единствените кои можат да влезат внатре се свештениците и свештеничките и тоа само оние кои се членови на јапонското кралско семејство.

Mount Weather Emergency Operations Center
wl8z7k
Ова не само што е место кое е затворено за јавноста, туку и место на кое јавноста се надева дека никогаш нема ни да влезе во него! Во повеќето апокалиптични филмови кои ги гледаме во последно време, секогаш постои строго тајно место каде малкумина избрани ќе се сместат со надеж да ја преживеат апокалипсата. Само што Mount Weather Emergency Operations Center е вистинско место. Било изградено во 50-тите за време на Студената војна, но сè уште е функционално. Тоа е местото „последна надеж“. Од разбирливи причини она што се крие/случува внатре е строго чувана тајна.

Базата Menwith Hill
69jrk9
RAF Menwith Hill е британска воена база поврзана со глобаланата ECHELON шпиунска мрежа. Се опишува како најголемата електронска станица за мониторинг на светот. ECHELON била создадена за следење на воените и дипломатски комуникации на Советскиот сојуз и Источниот блок за време на Студената воја во раните 60-ти, но се смета дека со крајот на Студената војна таа се преоринетира кон следење на терористички завери, планови на дилери со дрога и  политичкити и дипломатските кругови. Исто така, се зборуваше дека се користи и за комерционална шпиунажа и прислушкување на телефонската комуникација – што е екстремен случај на нарушување на приватноста.

- Реклама -