Жално што воопшто се прави ваква листа, а уште е и пожален фактот дека нив ги има многу повеќе од 10. Но сепак, би требало да знаеме кои големи(и мали)животни некогаш чекореле на нашава планета, а сега се исчезнати засекогаш. Дали сме ние причината за нивното изумирање, или пак Мајката природа – погледнете ги овде.
Жално што воопшто се прави ваква листа, а уште е и пожален фактот дека
нив ги има многу повеќе од 10. Но сепак, би требало да знаеме кои
големи(и мали)животни некогаш чекореле на нашава планета, а сега се
исчезнати засекогаш. Дали сме ние причината за нивното изумирање, или
пак Мајката природа – погледнете ги овде.
Tyrannosaurus Rex – изумрен пред 65 милиони години
Tyrannosaurus Rex бил еден од најголемите копнени месојадни животни на сите времиња, 43.3 стапки долг и 16.6 стапки висок, со маса дури до 7 тони. Тој имал масивен череп балансиран со долга и тешка опашка. Фосили на Т – Рекс биле најдени во карпестите предели на Северна Америка, кои потекнувале од последните 3 милиони години на креда периодот.
Тој бил еден од последните диносауруси што изумреле во креда – терцијалниот период. Повеќе од 30 видови на Т – Рекс се идентификувани, некои од нив се со речиси комплетни скелети.
Quagga: полу зебра – полу коњ – изумрено уште од 1883
Quagga оригинално бил класифициран како посебен вид, Equus quagga, во 1788. Во наредните 50 години уште многу зебри, поради нивната разлика во лентите(ниедни 2 зебри не се исти) биле проучувани од истражувачите и не било лесно да се каже кои се вистински видови, а кои биле подвидови. Долго пред оваа дилема да биде решена, quagga – та била ловена до изумирање за месо и облека. Последната дива quagga веројатно била застрелана во доцните 1870ти, а последниот примерок во заробеништво умрел на 12 август 1883 во Artis Magistra зоолошката, во Амстердам.
Поради големата дилема околу различните видови на зебри, најмногу кај јавноста, quagga – та изумрела пред да биде јасно дека таа била посебен вид. Quagga – та била прво изумрено суштество чија ДНК била проучувана. Најновите генетски истражувања пак, во Smithsonian институтот демонстрираат дека таа воопшто не била посебен вид, туку само обична зебра со многу различни ленти.
Thylacin – от изумрел на Австралиското копно илјадници години пред европејците да дојдат, но преживеал на островот Талисманија со уште неколку ендемски видови, како на пример Талисманскиот Ѓавол(месојадец сличен на мало мече). За одговорни за неговото изумирање се сметаат пред се ловците, но и важен фактор имале и болестите, контактот со кучиња и човечкиот фактор секако, односно нивно доселување. Иако официјално се класифицирани како изумрени, нивни појавувања се сеуште пријавувани.
Земајќи ја во предвид брзината со која овој вид исчезнал, најверојатно е дека доаѓањето на луѓето во овие области била главната причина. Сеуште има појавувања на животни кои личат на морската крава од Берлинското море и Гренланд, па се претпоставува дека мала популација на животното сеуште опстанала до денешен ден. Ова е сеуште недокажано.
Причините за нивно изумирање се сметаат дека се нивните големи рогови(покрај нивната прекумерена телесна тежина). Некои мислат дека ловот на човекот е важен фактор за нивното исчезнување, со тоа што големите рогови на мажјаците ги спречувале да се движат слободно низ шумата, односно да бегаат низ истата. Сепак, многу е веројатно дека тие, како копнен вид, се адаптирале на човековото присуство и еволуирале заедно со нив.
Од сите тигри на светот, Каспискиот тигар бил трет најголем. Имал силни нозе и необично големи канџи. Ушите му биле кратки и мали и давале впечаток дека тој нема коса на краевите. Бојата на неговото крзно многу потсетувала на Бенгалскиот тигар. Мажјаците касписки тигри биле големи и тежеле 169 – 240 кг. Женките не биле многу големи и тежеле 85 – 135 кг. Сеуште има сведоштва за неговото појавување.
До 13 век п.н.е. нивниот терен бил ограничен само на териториите на Полска, Литванија, Молдавија, Трансилванија и Источна Прусија.
Правото да се ловат големи животни на било која земја го имале само оние со благородничка крв. Последен забележан жив auroch било женка која умрела во 1627 во Jaktorow шумата во Полска. Черепот подоцна бил земен од шведската армија и сега е сопственост на Livrustkammaren, Стокхолм.
Во 1920 двајца германски чувари во зоолошка градина, браќата Heinz и Lutz Heck, се обиделе да ја вратат врстата aurochs во живот од домашната крава, која е потомок на таа врста. Резултатот е врста наречена Heck Cattle, која психички била многу слична на дивите aurochs.
Очигледно бил изумрен пред 10.000 години, но има индикации дека е изумрен од не толку одамна – пред 2.000 години на Балканот.