Ова е втората половина на дизајнерските продукти кои беа наградени на овогодинешниот интернационален натпревар за 10 брилијантни гаџети на годината според Popular Mechanics.
Ова е втората половина на дизајнерските продукти кои беа наградени на овогодинешниот интернационален натпревар за 10 брилијантни гаџети на годината според Popular Mechanics.
Potenco PCG1 е генератор за напојување на мали портабилни гаџети кој работи преку повлекување на кабелот за да се содаде енергија, на пр. со едно повлекување на кабелот, се создава енергија за 20 минути разговор преку мобилен телефон.
Придонесот на Nissan за безбедноста во автомобилите се состои во овој систем за навигација кој овозможува возачот да има прегледност од 360 степени околу автомобилот, додека другите вакви системи овозможуваат само поглед позади автомобилот. Користејќи камери позиционирани на сите четири страни од автомобилот, овој систем на Nissan овозможува птичја перспектива.
Доколку има потреба да се пронајдат некакви кабли, оваа камера со LED леќи открива што се наоѓа позади ѕидовите и истото го проектира на LCD мониторот.
Нека не ве залажува големината на процесорот на оваа фотографија, Intel Atom процесорот не е наречен „атом“ без причина. Ова чудо од минијатура има 47 милиони транзистори на 26 со 26 милиметри чип кој треба да придонесе за да се надмине границата помеѓу мобилните телефони и компјутерите со високотехнолошки портабилни гаџети.
Еве една одлична идеја за штедење вода – шолја и чешма во едно. Измијте се и потоа пуштете вода.