Топ 10 екстремни маратони (2.дел) (видеа)

маратониПо дефиниција, маратон е трка на долга патека која официјално е 42 километри. Првата маратонска трка во историјата се трчала на 10 април, 1896 на првите Олимписки Игри, победник бил Спиридон Луис. Стандардна должина на патеката не била утврдена се до 1924 година кога и растојанието од стартот до целта официјално станало 42,195 метри.

По дефиниција, маратон е трка на долга патека која официјално е 42 километри. Првата маратонска трка во историјата се трчала на 10 април, 1896 на првите Олимписки Игри, победник бил Спиридон Луис. Стандардна должина на патеката не била утврдена се до 1924 година кога и растојанието од стартот до целта официјално станало 42,195 метри.

Првиот женски маратон на Олимписки Игри бил одржан во 1984 година, победник била Џоун Беноа. Покрај маратоните на Олимписките Игри, секоја година се одржуваат стотици други трки во целиот свет. Постојат околу 500 организирани маратони, повеќето од нив организирани од Меѓународната Асоцијација на Маратонци и Трчачи на Долги Патеки. Асоцијацијата има награден фонд од околу 500000 американски долари за победниците на маратоните кои се во нејзина организација.

Сите ги знаеме оние најголемите и најпопуларни маратонски трки, Лондон, Њујорк, Бостон, Стокхолм, итн. но што е со оние кои се малку поекстремни:

Топ 10 екстремни маратони (1.дел)

5. Песочниот Маратон
{youtube}wy7LVotUaEM{/youtube}

Идеалниот маратон би се одржал на ден кога времето нема да биде многу жешко, но исто така ни многу студено, но кај Песочниот Маратон, жештината е дефинитивно дел од предизвикот, бидејќи натпреварувачите трчаат на температури од над 50 степени целзиусови. Поради условите и должината на патеката, овој маратон често се нарекува најтешката трка на планетава. Маратонот се одржува од 1986 година во мароканската пустина. Локацијата дефинитивно не е баш најпријатна, и во последните 24 години многу натпреварувачи се имаат загубено за време на песочни бури, додека двајца натпреварувачи имаат умрено. Овој маратон буквално се трча низ пустината, е долг колку 6 нормални маратони и трае шест дена во кои натпреварувачите ќе имаат поминато околу 240 километри. А, ако мислите дека температурата и далечината не се проблем, тогаш можеби би сакале да знаете дека секој учесник мора да си ја носи целата своја храна и вода со себе.

4. Големиот Тибетански Маратон
{youtube}Mu_xsn8JJnI{/youtube}

Големиот Тибетански Маратон се одржува секоја година во северна Индија на Тибетската Висорамнина, каде што натпреварувачите можат да уживаат во погледот на Хималаите околу нив. За време на трката, натпреварувачите ги искусуваат пејсажите на долината Инд. Овој маратон е различен од останатите бидејќи патеката поминува низ Будистичка средина на надморска височина од 3500 метри. На оваа височина, оние кои трчаат мора да се справат со ниското ниво на кислород што ја прави оваа трка уште потешка од маратон на нормална надморска височина. Учесниците мора да поминат одреден период на таа надморска височина за нивните тела да можат да се навикнат на условите пред почетокот на трката. Еден ден пред маратонот учесниците трчаат по 3 километри за да можат да го почуствуваат вистинскиот напор на трчање на голема надморска височина. Сите типови на спортисти можат да учествуваат бидејќи покрај маратонот се одржува и полумаратон и трка од 10 километри.

3. Маратон на Поларниот Круг
{youtube}m6jyidGpZjE{/youtube}

По самото име може да познаете дека на овој маратон ќе ви студи. Всушност, најчесто, натпреварувачите трчаат на температура од околу -10 степени целзиусови. Трката се одржува на Гренланд секоја година, во октомври. Натпреварувачите можат да бираат помеѓу трчање полумаратон, или нормален маратон, но кој и да го изберат, гарантирано е дека нема да им биде лесно. Оние кои ќе го изберат целосниот маратон мора да завршат под 7 часа, а на оние кои го избрале полумратонот им се препорачува да завршат под 4 часа. Не само што температурата може да ве успори, туку и непријатниот терен може да создаде проблеми бидејќи патеката поминува низ тундри, глечери и мразот каде што патеката станува многу лизгава. Иако мразот често е покриен со снег и песок, организаторите им препорачуваат на натпреварувачите да бидат многу претпазливи. Покрај лизгавата подлога, натпреварувачите мора да се соочат и со неколку нагорнини.

2. Ултрамаратон на Мртвото Море
{youtube}cmnXEVnT0zs{/youtube}

Ако некогаш сте посакале да учествувате во маратон кој ќе ве однесе на најниските точки на планетава, тогаш Ултрамаратонот на Мртвото Море е идеален за вас. Трката се одржува секоја година на првиот или вториот петок во Април, стартува од Аман и завршува на Мртвото Море. За време на трката, учесниците ќе искусат пад од 1300 метри, од 900 метри надморска височина до 400 метри под површината на морето. За разлика од повеќето трки на оваа листа, оние кои трчаат на овој маратон собираат пари за неуролшки пациенти кои не можат да си ги дозволат операциите. Од основањето на овој настан во 1993, околу 1150 добиле помош благодарјќи на натпреварувачите. Победниците исто така добиваат награди. Настанот опфаќа пет различни трки, секоја погодна за одреден тип на спортист.

1. Маратон на Кинескиот Ѕид
{youtube}qJ5Qr9qkL84{/youtube}

Маратонот на Кинескиот Ѕид опфаќа 9 километри во кои натпреварувачите се искачуваат по Кинескиот Ѕид. Оваа трка се одржува речиси цела деценија. За време на трката секој натпреварувач се соочува со преку 5000 степеници, кои не се единствениот предизвик. Натпреварувачите мораат да поминат неколку стрмни искачувања кои дополнително ја отежнуваат оваа трка. На натпреварувачите им е препорачано да не брзаат по стрмните делови, и да одат полека преку највисокиот дел. Патеката покрај по ѕидот поминува и низ неколку села во руралниот дел на Кина. Во овие делови предизвикот е полесен бидејќи патеката оди по патиштата. Оние кои го трчаат целосниот маратон добиваат предупредување за искачувањето околу средината на должината. Колку и да звучи лудо, оние кои се подготвени и кои се физички способни можат да го завршат маратонот за 5-6 часа, но по 8 часа трката завршува за сите. Последната трка била одржана на 15 мај, 2010, со рекордни 1748 натпреварувачи. Победници биле Кијанг Тонг од Кина кој завршил за 3 часа, 24 минути и 44 секунди и Инез-Ан Хааген од Холандија која завршила за 3 часа 56 минути и 38 секунди.

Прочитајте и:  Кинеските астронаути донеле на Земјата 34,6 килограми вселенски примероци
- Реклама -